Радио Кочани
Кочани

Филип Стојанов и Јован Арсов од КК „Партизан“ – Кочани ќе настапат на „Златната лига за млади“ во Џесоло, Венеција

257

Овој викенд, двајца натпреварувачи на Карате клуб „Партизан“ – Кочани, Филип Стојанов и Јован Арсов, ќе имаат  можност да го покажат својот талент на меѓународната сцена на „Златната лига за млади“ во Џесоло, Венеција.

Филип Стојанов ќе настапи во категоријата У21 -84 кг, а Јован Арсов во категоријата кадети +70 кг.

Од Карате клуб „Партизан“  изразуваат голема поддршка и им посакуваат на дечките успешен настап и да ги бранат боите на Македонија со гордост.

Се надеваме на добри резултати и на место на подиумот. Филип и Јован имаат голем потенцијал и се подготвени да се покажат во најдобро светло. Нека им биде среќно и нека се вратат со медали, изјавија од клубот.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio