Радио Кочани
Кочани

Двајца малолетници од Кочани – уапсени при обид да превезат мигранти кај Речица

1,385

Двајца малолетници од Кочани се уапсени вечерва, откако полицијата ги затекнала во обид да превезат пет мигранти во возило „Фолксваген Пасат“. Инцидентот се случил на 30 ноември околу 20:00 часот, во атарот на село Речица, Кумановско.

Полицијата претходно дала знак за запирање на возилото на автопатот од Романовце кон Граничниот премин Табановце, но возилото продолжило со движење. Во возилото биле пет мигранти три од Мароко и по еден од Алжир и Судан.

Малолетниците се обиделе да побегнат, но се пронајдени и лишени од слобода.

Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар. Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio