Радио Кочани
Кочани

Гордост за Кочани! – Кочанскиот деветоодделенец Владимир Грчев го донесе златото дома

807

Гордост за Кочани! Кочанскиот деветоодделенец Владимир Грчев го донесе златото дома, освојувајќи го првото место на 29-тата Македонска (Јуниорска) Олимпијада по информатика, која се одржа на 16 и 17 април во просториите на ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.

Овој блескав успех не доаѓа случајно. Владимир и досега редеше успеси, освојувајќи бројни награди и медали на разни натпревари, но токму овој златен медал е негово највисоко достигнување досега – резултат на години труд, посветеност и љубов кон информатиката.

Ова е голем ден не само за Владимир и неговото семејство, туку и за и целиот наш град. Вистински пример за тоа како со упорност, страст и поддршка, младите умови можат да достигнат врвни резултати.

Честитки, Владимир – горди сме на тебе!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio