Радио Кочани
Кочани

Утре во „Искра“ промоција на монографијата „60 години ЛК Копнеж“

199

Утре во просториите на библиотеката „Искра“, со почеток во 12 часот ќе биде промовирана монографијата „60 години ЛК Копнеж“ од авторите Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, Аника Илијевска Ѓорѓиева и Славица Цветкова.

Со издавањето на монографијата ја одбележуваме шеесетгодишнината од неговото формирање, јубилеј достоен за почит. Со издавањето на монографијата како сведок на шестдецениското постоење, изразуваме огромна благодарност кон сите досегашни членови, претседатели, раководители и сите кои со својот ентузијазам и ангажирање, поддршка и поттик, придонесоа овој книжевен клуб да стане познат и признат културен субјект во Кочани и пошироко, истакнаа од кочанската библиотека.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio