Радио Кочани
Кочани

Село Злетово: Легенди, статистика и промени низ времето

1,449

Селото Злетово, сместено во Источниот дел на Македонија, е пример за тоа како малите населени места ја носат тежината на историјата, но и на промените кои ги носи современиот свет.

При посетата, Радио Кочани напрви анкета каде што се сретнавме со неколку жители кои ги споделија своите различни перспективи за минатото, сегашноста и иднината на Злетово.

Првиот соговорник, кој е стар жител на селото, ни раскажа една од најпознатите легенди за Злетово.

Вториот соговорник, местен учител во пензија, ни презентираше статистички податоци кои ја осветлуваат денешната слика на Злетово, додека третиот  го изрази своето гледиште за промените што се случуваат во селото.

Според него, животот во минатото бил многу поразличен од денешниот. Селаните тогаш се потпирале на земјоделството и домаќинствата.

Денес, технологијата и глобализацијата донеле нови вредности, но и нови предизвици.

Младите се помалку заинтересирани за земјоделството и се повеќе се насочуваат кон градовите и новите индустрии.

Злетово, како многу други села во Македонија, е сведок на значајни промени.

Од легендите кои ги раскажуваат старите жители, преку статистичките податоци кои ја отсликуваат реалната слика на денешницата, до споредбата со минатото која ни открива како се живеело тогаш и сега – сето ова ги прави селото и неговите жители уникатни. Тие се извор на богатство и традиција, но истовремено и предизвици за иднината.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе