Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В петок, на 20 октомври, со почеток во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија.
Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија пред кочанската публика ќе бидат прикажани аматерски филмови изработени на конкурсот за 52. ДФНФ во категориите: документарен, краток игран филм, експериментален, анимиран или едноминутен филм.
На настанот ќе бидат прогласени и наградени најдобрите аматерски филмски изработки во сите категории. Одлуката за најуспешните филмови ќе ја донесе жирито во состав: Мишо Нетков, Петре Чаповски и Јане Темелковски.
Во рамките на Фестивалот, в сабота, на 21 октомври, ќе се одржи Третата школа за непрофесионален филм „Стефан Сидовски Сидо“ на која наградените учесници и учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ од Оризари ќе реализираат работилница за подготовка на кратки филмови.
Педесет и вториот Државен фестивал на аматерски филм на Македонија финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а се реализира со поддршка од Општина Кочани.