Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Асфалтиран дел од улицата „Македонска“ во Кочани
Заврши асфалтирањето на дел од улицата „Македонска“ во Кочани.
Со проект за рехабилитација, поставен е нов асфалтен слој на 360 м од улицата „Македонска“ , односно на површина од 2 800 квадратни метри. На дел од улицата се заменети рабниците, извршена е нивелација на шахтите и е бетониран тротоар во должина од 100 м.
Работите ги изведе градежната фирма „Коле транс“, а за изградбата на оваа улица се наменети 2.250.000 денари, средства од општинскиот буџет.