Радио Кочани
Кочани

Претставници на 30 тина најмоќни странски компании во земјава денеска на состанок во Амфенол

7,067

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес одржа работен состанок со претставници на повеќе од 30 странски компании членови на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на  Македонија.

На состанокот кој се одржа во компанијата „Амфенол“, во Кочани, се дискутираше за повеќе актуелни економски прашања и владини политики кои директно влијаат на работата на странските компании во земјава.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека владата покажува инклузивност и конзистентност во креирањето на економски стратегии и политики кои се насочени кон подобрување на конкурентноста на економијата и создавање на цврсти основи за нејзин одржлив раст и развој, процес во кој неизоставен дел се и странските компании.

Дуалното образование и пристапот до квалификувана работна сила беше уште една од теми кои се отворија на состанокот, а за што заеднички беше оценето дека преку дијалог треба да се дојде до олеснување на постоечките законски и административни процедури во насока на олеснет пристап до квалификувана работна сила.

На крајот од состанокот беше изразено задоволство континуираниот дијалог кој се води со претставниците на странските компании во земјава, притоа заеднички оценувајќи дека тој е единствениот пат кој води кон понатамошно унапредување на деловниот амбиент и неговата атрактивност за поттикнување на нови инвестиции во економијата.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio