Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Основното јавно обвинителство Кочани, предложи притвор за 41-годишен жител на Делчево, кај кого на 13 октомври беа пронајдени повеќе пакувања наркотична дрога – кокаин со вкупна нето маса од 29,15 грама.
-Осомничениот бил сопрен за контрола и преглед додека управувал автомобил, при што со возилото се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дел од дрогата, фрлајќи неколку пакувања низ отворениот прозорец. Меѓутоа бил запрен и лишен од слобода, а против него исто така е поведена истрага за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.