Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во Кочани казни за 72 возачи, 13 без возачка
Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера спровеле акциска контрола на територијата на Кочани, во периодот од 17.00 до 21.00 часот за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата, информираа денеска од МВР, санкционирани се 72 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол, шест за измината важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз. Изречени биле и девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), три санкции за возење мотоцикл без заштитна кацига, пет мерки за возач почетник…
На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.