Радио Кочани
Кочани

ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари со традиционалните ора и јадења успешно го претставија кочанскиот крај…

763

Денес, Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари со играорните групи од Оризари и Зрновци, на успешен начин го презентираа фолкорот значаен за нашиот крај.

Тие со ората: Водарки и Ситна Крстачка и традиционалните јадења направени од ориз (полнети пиперки со ориз и мелено месо, оризник со копан, проја, погача (блага и солена, ролат со ориз и мелено месо, крокети со ориз и сирење, пилав со кисело млеко, баклава, сутлијаш, домашно трилече, раванија) направени од мајките на фолклористите од Оризари

ги воодушевија присутните во емисијата „Качамак“.

Емисијата „Качамак“  се емитува секоја сабота и недела на Сител телевизија од 10:00 до 12:00 часот.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio