Радио Кочани
Кочани

Кога го поместуваме часовникот? Се ближи почетокот на зимското сметање на времето

2,442

Во недела на 29 октомври се враќа зимското сметање на времето. Тој ден ќе ги поместиме стрелките од 3 до 2 часа по полноќ и со тоа ќе добиеме дополнителен час за спиење.

Летното сметање на времето во Maкедонија започна во недела, на 26 март, кога часовниците се поместија еден час нанапред, односно од 2 до 3 часот по полноќ.

Компјутерите, мобилните телефони и другите современи уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето.

Ако сè уште имате аналоген приказ на времето или постар уред кој „не знае“ како да го прави тоа автоматски, не заборавајте да ги поместите стрелките еден час наназад, од 3 до 2 часа.

Се уште не е постигнат договор за предлогот на Европската комисија од пред четири години за укинување на сезонската промена на часовниците во последната недела од март и октомври. Во 2019 година предлогот беше поддржан од Европскиот парламент, но треба да биде усвоен од земјите-членки.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio