Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Атрактивната Марјана Станојковска заедно со битолскиот пејач Дарко Гроздановски и кумановската инфлуенсерка Илариа Кирилов привлекоа големо внимание во градот на оризот, претставувајќи им го на кочанчани лозот „Урбан Стил“.
Учеството во играта е едноставно, а дознавањето на добивката е брзо и забавно. Со гребење на 9-те полиња за игра на инстант лозот „Урбан Стил“, доколку се добијат три исти симболи електричниот мотор е ваш, доколку на три места се открие ист износ, следува парична добивка до 10.000 денари. На инстант лозот има два модела електрични мотори со слични перформанси.
Лозот чини 50 ден и наменет е за сите оние кои го негуваат урбаниот начин на живот и притоа се грижат за животната средина. Наменет е и за младите кои сакаат да го избегнат градскиот метеж и многу побрзо и полесно да стигнат до посакуваната дестинација.