Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Големиот синџир „Жито Маркети“ се збогати со уште 2 во низа. Денеска свечено беше отворен нов Жито маркет во Пробиштип, а веднаш по него и во Струмица.
Во текот на овој месец следува отворање на уште 2 маркети во Штип и 2 во Кочани, со што вкупниот број ќе се заокружи на 75 во Македонија.
Оваа јубилејна 35та година од постоењето на „Жито“ е уште еден показател за верноста на потрошувачите и успешноста на компанијата.