Радио Кочани
Кочани

СООПШТЕНИЕ ОД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

1,946
  • Нема двојба дека Јавниот повик на Државна лотарија за заедничко вложување за основање друштва за приредување на интернет (онлајн) игри на среќа е транспарентен и недискриминаторски.
  • Јавноста не треба да се доведува во заблуда со објава на неточни „предвидувања“, шпекулации и невистини.

 

Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија е на удар на обвинувања врз основа на неточни „предвидувања“ коишто се засновани на претпоставки и шпекулации, од периодот на објава на Јавниот повик БР. 01 – ПОТД/2023, за заедничко вложување за основање друштва за приредување на интернет (онлајн) игри на среќа.

Целта на ова постапка е Државна лотарија, како друштво во целосна државна сопственост, да ја преземе контролата над оваа специфична дејност во игрите на среќа – интернет игрите на среќа, со цел заштита на граѓаните од неконтролирано играње на странски платформи а воедно и да спречи да се одливаат средства во странство, наместо да се приходуваат директно во Буџетот на Република Северна Македонија.

Со невистините изнесени во дел од медиумите, поттикнати од неточни „предвидувања“ коишто се базираат на претпоставки и шпекулации,  јавноста се доведува  во заблуда,

Поради неточните претпоставки, недвосмислено укажуваме дека со тоа се нанесува  штета на името на Државна лотарија и  довербата во Друштвото коешто е единствен гарант на одговорното и контролирано приредување игри на среќа.

Воедно, се врши неоснован притисок, непоткрепен со никакви факти врз секојдневното работење на Државна лотарија и извршувањето на тековните обврски и продуктивната работа.

Оттука уште еднаш  укажуваме на целокупната јавност во нашата земја за транспорентноста и законитоста на постапката во целина и дека на ниту еден начин Државна лотарија, го нема дискриминитрано, ниту пак ограничено правото на учество на кое било домашно или странско  правно лице.

Правото на учество е транспарентно објавено во Јавниот повик, каде во точка 4 е наведено дека:
„Сите заинтересирани понудувачи, на јавниот повик ќе може да се пријават доколку самостојно ги исполнуваат условите од Јавниот повик или истите услови ги исполнуваат заедно со други друштва каде постои капитална поврзаност од најмалку 50 % или повеќе помеѓу истите“.

Државна лотарија при креирањето на Јавниот повик од страна на стручните служби, се водеше од идејата  да бидат избрани како прифатливи сериозни партнери на полето на интернет игрите на среќа во однос на искуството во игрите на среќа, финансиските показатели на истите и техничките карактеристики за приредување на овој специфичен вид игри, без притоа да бидат ограничени домашните правни лица.

Заради тоа, Државна лотарија имајќи ги предвид  можностите  на домашните приредувачи на игри на среќа врз основа на анализи на пазарот што се однесува конкретно на ограниченото искуство во приредување на интернет (онлајн) игри на среќа, со што истите се здобија во време на КОВИД-19 (согласно Уредбата на Владата на Република Северна Македонија од 24.04.2020 година со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба), ја предвиде можноста истите капитално да се здружуваат со други правни лица.

Исто така укажуваме дека Јавниот повик  овозможува поттикнување конкуренција во дејноста на интернет игрите на среќа и сузбивање на монополот со избор на партнери на Државна лотарија за основање на нови друштва за приредување интерент игри на среќа.

 

 

Со почит,

Државна лотарија                                                                               Скопје, 5.10.2023 година

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio