Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вчеравечер во Градскиот парк со музички настап на бендот Nomad, настап на театарската група Fireter со уличен театар и огнено шоу, а потоа и со крунисување на седумнаесетгодишната Моника Миткова, ученичка во гимназијата „Љупчо Сантов“, која беше избрана за жетварска убавица за 2023 година, официјално Започна 32-та. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.
Првата празнична вечер кочанчани ги забавуваше локалниот бенд Malinov&Special Selection.
Манифестацијата ќе трае до 1 октомври, а предвидени се низа на настани: промоции на книги, изложби, дефилеа, фолклорен концерт.
32 та манифестација „Денови на кочанскиот ориз“завршува в недела навечер во градскиот парк со концертот насловен „Македонијо, во срце те носиме“ на кој ќе настапат речиси сите звучни имиња од македонската поп и рок естрада.