Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска на градскиот пазар во Кочани вообичаена слика.
Купувачите дел со полни ќеси, дел само загледуваат на тезгите со овошје и зеленчук.
Некои поретко купуваат поради високите цени и ниските плати и пензии и се ценкаат, додека пак дел успеваат да си дозволат на трпезата да имаат намирници по свој вкус и не прашуваат за цена.
Тоа го забележуваат и продавачите, кои велат дека прометот варира на дневно ниво, а заработувачката е отежната.