Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во текот на 2022 година општина Зрновци започна постапка за парцелација на два блока во село Зрновци. По завршените процедури беа добиени 23 плаца за индивидуално домување. Потоа на 18 август општина Зрновци реализираше објава бр.1 за 2023 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Беа определени вкупно 26 парцели, од кои 25 за индивидуално домување и една парцела за изградба на дом за стари лица. Од објавените парцели на електронското јавно наддавање кое се одржа на 20ти септемви беа отуѓени 18 парцели. Од нив 17 за индивидуално домување и една парцела за изградба на дом за стари лица. Вкупната површина на продадените парцели е 9745 м2, а реализирани се 5.777.700 ден. Паралелно на ова, со одлука на Советот, во месец јули општина Зрновци објави Јавен повик за изработување на Урбанистички планови со разработка на блок за село Мородвис и село Зрновци. Со ова ќе бидат добиени градежни парцели со три намени и тоа индивидуално домување, лесна индустрија и парцели за изградба на фотонапонска електрична централа. Во ноември оваа година, планирано е, градоначалникот да поднесе иницијатива до Советот на општина Зрновци за изработување на урбанистички план, вон опфат на две локации со цел добивање на градежни парцели со намена за Индустриска зона – Г2, со вкупна површина од 7ха. Урбанизамот претставува битен и основен сегмент за функционирањето на една локална самоуправа, односно само со континуирано и посветено работење во оваа сфера која опфаќа и уредување на градежното земјиште во една општина, се постигнува целта за растење, јакнење и развивање, како на приватниот сектор така и на самата општина. Општина Зрновци и во иднина ќе продолжи посветено и континуирано, како и во изминатиот период од година ипол, да превзема процедури во уредувањето и правилно менаџирање со градежното земјиште.