Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На свои дваесет години ја напуштил татковината Македонија и со торбичка в рака 1975 – та заминал на печалба во Словенија. По цели 40 години, 2015 – та, кога го исполнил условот за пензија, како шеесет годишник се враќа во родната Истибања. За него велат: „Вода стои, тој не стои“! Снаодлив, вреден, голем патриот. Сопствената куѓа ја претворил во мал приватен музеј. Како медиум кој често се следи и во Словенија, побара Радио Кочани да ја овековечи неговата опсесија.