Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод Меѓународниот ден без автомобили, денеска 22 септември, Општина Кочани ја организираше велосипедската тура „По патеката на оризот“.
Настанот беше отворен за учество на сите граѓани, љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија.
Велосипедистите возеа на релација : Кочани – Горни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани. турата започна во 16 ч. од Градскиот плоштад, и беше спроведена според протоколите за безбедност во сообраќајот од страна на Одделението за внатрешни работи – Кочани.
Инаку во венчалната сала, Ротари клубот Кочани-Виница одржа и презентација на проектот: Авантури на две тркала „По патот на комарците“, проект кој опфаќа мапирање на постојните локални патишта на територијата на општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, како и промоција на здрави навики преку велосипедизам.
Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност и го поттикнува користењето на превозните средства што не ја загадуваат животната средина.
Д.Михајлов