Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Средба на градоначалникот Папазов со претставници на УСАИД
Во рамките на „Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во земјава, во Општина Кочани се одржа работна средба со претставници од проектната единица. На средбата се разговараше за напредокот на општинските капацитети во делот на поефикасно извршување на локалните надлежности, по спроведени низа обуки.
Општина Кочани е партнер-општина на Проектот, со кој е обезбедена техничка помош за унапредување на општинските капацитети во следните области: Управување со општинските јавни финансии, Планирање и извршување на буџети, Фискална транспарентност и отчетност, Планирање и прибирање приходи од сопствени извори, Пристап до надворешно финансирање и Подготовка на планови и процедури за работа.