Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Членовите на Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари викендов беа учесници на VI-от МФФ Шарена Стомна 2023 кој се одржа во Добриниште, Банско, Бугарија. На фестивалот настапија околу 40 групи со 700 учесници од Бугарија и странство. Играорците на Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов настапија со орото: Лазаренки.