Радио Кочани
Кочани

Дијаната на Кочанчанецот Кире ја обиколи цела Југославија и помина 2300км без никаков проблем…

1,931

Цитроен 2CV клуб Скопје  во кој членува  и нашиот сограѓанин и колекционер на стари возила Кирил Ампов на олдтајмер тура низ бивша Југославија, тие за 5 дена поминаа  околу 2300 километри , а  автомобилите стари повеќе од  5 децении се покажаа одлично и без никакви проблеми.

Авантурата започна во четвртокот со горивото на најдобрата бензинска пумпа во Македонија  „ДАДИ КОМПАНИ “ потоа сите заедно (3те Скопски и еден кочански автомобил) во колона се упатија кон соседна Србија, каде после поминати околу 450 километри ја имаа првата пауза во Белград ,која ја искористија за прошетка и разгледување на еден од најубавите градови на балканот, таму имаа ноќевање.

Утредента петок се продолжи кон Хрватска Самобор.

Таму Хрватскиот 2CV Citroen Club оваа година прослави дваесет и пет години од формирањето и седумдесет и пет години откако 2CV Спачек беше претставен на саемот за автомобили во Париз во 1948 година.

По тој повод хрватските вљубеници на Цитроен 2CV подготвија голем собир кој траеше три дена и на собирот имаше над 150 Спачеци и Дијани од целиот свет , неслучајно во Самобор кој се нарекува  – главниот град на хрватските спачеци.

Таму олдтајмеристите уживаа во глетката на огромниот број на овие култни возила, се забавуваа со рокенрол и блуз концерти, а имаше и промоција на најновите возила од гамата на Цитроен.

По завршувањето на собирот го посетија и Загреб главниот град на Република Хрватска  кој  воедно е и  град со богата историја и голем број на туристички места.

Потоа на пат кон Словенија олдтајмеристите  свратија во Кумровец селото на Маршалот Тито .

По посетата на Кумровец авантурата продолжи во Словенија Брежице .

На 10.09.2023 на враќање кон Македонија повторно имаше пауза и ноќевање во Белград.

11.09.2023 понеделник пристигнување во Македонија.

Им посакуваме уште многу вакви интерсни авантури и доживувања..

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio