Радио Кочани
Кочани

Изграден е мост на Бела Река во близина на селото Небојани

1,474

Заврши изградбата на мостот на Бела Река, на два километра до селото Небојани.

Мостот е долг 11 м, широк 2,5 м, со челична конструкција, наменет за пешаци и лесни возила. Новиот градежен објект претставува значајно олеснување на сообраќајната комуникација за жителите коишто гравитираат во овој осоговски предел.

Металната конструкција и оградата се донација од печатницата „Европа 92“, а бетонскиот дел е реализиран со средства од Општина Кочани.

Изведувачи на работите се фирмите „Калина“ и „Тонко“

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio