Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Бензините поскапуваат за денар,а дизелот за 2,5 денари – нови цени на горивата од полноќ…
Ново поскапување на бензините од полноќ. Еуросупер 95 ќе се продава за 88 денари или за еден денар поскапо, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). За еден денар скок има и кај Еуросупер 98, а 2,5 денари расте цената на еуродизелот.
Промени нема кај метанот и автоплинот чија што цена се задржува на 42,5 денари. Мазутот од ноќеска е со повисока цена од 1,15 денари, одлучи регулаторот.