Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Членовите на КУД „Руен“ на прием кај градоначалникот на Анкара
Фолклорниот ансамбл КУД “РУЕН “ од Кочани како претставник на Македонија, веќе неколку дена е дел од престижниот 102 – ри по ред Меѓународен фестивал на фолклорот „Sakarya Viktory“ што се одржува во Анкара, Република Турција. Фестивалот ќе трае до 12 септември, а меѓу останатите учесници се и фолклорните ансамбли од Египет, Полска, Украина, Порторико, Шпанија, Азербејџан, Казахстан и Турција. Членовите на КУД „Руен“ во текот на фестивалот биле на прием кај градоначалникот на Анкара и министеротза култура на оваа пријателска земја на Македонија.