Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Зрновци ‘ќе биде домаќин на 38-миот Мегународен Фолклорен Фестивал “Истибанско здравоживо-2023” во организација на Ф.А. “КИТКА”-ИСТИБАЊА.
По поднесената иницијатива од страна на Директорот Стојко Митковски, денеска е потпишан Меморандумот за соработка помеѓу општина Зрновци и Ф.А. “Китка-Истибања” за соработка и реализирање на заеднички културни манифестации.
Општината ги поканува сите љубители на Македонскиот фолклор и музика да присуствуваат в недела 10ти септември со почеток од 15:00 часот на свеченото Дефиле во централното јадро на Зрновци и Фолклорниот фестивал на плоштадот Свети Димитрија.