Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Традиционалното меѓународно “Мото рели независност 2023” утре во Кочани…
Од утре (петок) до недела Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе го одржи традиционалното меѓународно „Мото рели независност 2023″.
На истото ќе земат учество околу 400-500 мотоциклисти од земјава и странство.
Мото клубот ЖЕЛКИ од Кочани во соработка со Општина Кочани, по четврти пат ќе ја организираат првата попатна пауза, која ќе се одржи во нашиот град.
Возачите ќе пристигнат во Кочани утре околу 11.15 часот, овојпат местото на собирот ќе биде во Градскиот Трговски Центар.