Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
„КУД РУЕН„ учествува на престижниот фестивал „Sakarya Viktory“ во „Анкара Турција“
Фолклорниот ансамбл „КУД РУЕН “ од Кочани, предводен од маестро Тихомир Алексов, како претставник на Македонија, учествува на престижниот 102 ри по ред меѓународен фестивал на фолклорот „Sakarya Viktory“ кој се одржува во Анкара, Република Турција.
Фестивалот започна денеска и ќе трае до 12 септември, а меѓу останатите учесници се и фолклорните ансамбли од Египет, Полска, Украина, Порторико, Шпанија, Азербејџан, Казахстан и Турција.
Кочанските играорци изминатите два месеци имаа интензивни секојдневни проби, само со една цел – да се претстави Македонија и Кочани во најдобро светло, пред граѓаните на пријателска Турција и секако, пред останатите учесници од целиот свет.
Д.Михајлов