Радио Кочани
Кочани

Работната група што ќе ја утврдува минималната пензија ќе почне да работи денес

616

Работната група за измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии ќе почне со работа денеска.

– Главна тема на работната група, формирана со одлука на Владата, денеска ќе биде Законот за минимална пензија, по примерот на минималната плата во државата за да ја утврдиме со закон минималната пензија, информираше претходно министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На првиот консултативен состанок денеска ќе учествуваат претставници на сите релевантни институции, а ќе се разговара за се што е потребно за да се подобри животниот стандард на пензионерите.

Министерката Тренчевска посочи дека ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние што живеат сами.

Инаку, изминатиот период пензионерите од цела Македонија излегоа на протести со барање да се покачат пензиите линеарно за 3500 денари, а не процентуално како што предвидува актуелното законско решение.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio