Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Дизелот поевтинува, бензинот со 98 октани поскапува
Падна одлука за новите цени на горивата, која ја донесе Регулаторната комисија за енергетика. Така, цената на еуросупер 95 останува на истото ниво и се точи за 87 денари од литар.
Бензинот еуросупер 98 поскапува за 0,5 денари од литар и се точи за 89,50 денари за литар. Дизелот се намалува за 0,5 денари и се продава за 81 денар за литар.