Радио Кочани
Кочани

Спортската легенда Насе Насев ќе биде погребан во Кочани

2,488

Најтрофејниот тренер во борење во историјата на македонскиот спорт и едно од најславните имиња во боречкиот спорт, Насе Насев, поранешен директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) почина вчера по кратко боледување на 80 годишна возраст. Насев ќе биде погребан на гробиштата во Кочани утре во 15 часот.

Насе Насев, роден во селото Нивичани, кочанско, во 1943 година, е еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на Спартак од Кочани, долгогодишен селектор на репрезентацијата на бивша Југославија, а потоа и на независна Македонија.

Несомнено, тој е најголемото име во историјата на спортот во Кочани, официјално е прогласен за најуспешен тренер на 20 – от век во Македонија.

Учесник е на десет Олимписки игри, творец на легендите како Шабан трстена, Шабан Сејдиу и многу други кои ја прославија Македонија и македонското борење, а како спортски директор на МОК, под негово раководство во Сиднеј во 2000 година беше освоен првиот медал од едни ЛОИ за Македонија, Могамед Ибрагимов осбои бронза.

Носител е на трофеј и златен без на ИОК, во 1997 година влезе меѓу великаните на македонскиот спорт, а во јуни годинава го доби највисокото државно признание од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој го одликуваше со медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмацијата на македонскиот спорт и држава.

Во јуни оваа година претседателот на Македонија, Стево Пендаровски го одликуваше Насев со Медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio