Радио Кочани
Кочани

Утре 31ви август Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 32. редовна седница

380
В четврток, 31.08.2023 година со почеток во 12 часот во салата на Мултикултурниот центар  во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 32. седница, на чиј предлог-дневен ред се следниве точки:

1.Верификација на мандат на член на Советот на Општина Кочани.

2.Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година.

3.Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2022 година.

4.Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2022 -2023 година,

5.Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2023 – 2024 година,

6.Давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици и комбинирање на паралелки во општинските основни и средни училишта.

7.Давање согласност за паралелки со продолжен престој во општинските основни училишта.

8.Предлог- одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на користење и управување  на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ„Св.Кирил и Методиј“-Кочани, ОУ„Никола Карев“-Кочани, ОУ„Крсте Петков Мисирков“- Оризари, ОУ„Малина Попиванова“- Кочани  и СОУ „Гошо Викентиев.

9.Годишен план за вработување во КЈП„Водовод“- Кочани за 2024 година.

10.Предлог- одлука за  разработка и спроведување на проектот  „Со зелени површини до намалување на аерозагадувањето“

11.Предлог- одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година.

12.Годишен план за вработување на општина Кочани за 2024 година.

13.Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочни за 2024 година.

14.Предлог- одлука за проширување на Буџетот на Општина Кочани за   2023  година.

15.Предлог- решение за изменување на Решението за формирање Комисија за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на станбени и на други објекти на  подрачјето на општина Кочани

16.Предлог- одлука за проширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр.208/2 КО Речани, КП бр.3614 КО Бели, КП бр.1146 КО Пантелеј и КП бр.1147 КО Пантелеј, КП бр.825 КО Тркање и КП бр.826/2 КО Тркање,  кои се изградени надвор од плански опфат.

17.Предлог- одлука за непроширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградениот објект на КП бр.16929/1 КО Долно Градче, кој е изграден надвор од плански опфат.

18.Предлог- одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр.4766/3, КП бр.13045/1, КП бр.14346 и КП бр.14347, КП бр.16529/1 КП бр.16524/2 и КП бр.5514, сите во КО Кочани, чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое се изградени објектите утврдена во важечката урбанистичко-планска документација.

19.Предлог- решение  за изменување на Решението  за формирање Комисија за финансии и буџет и локален економски развој.

20.Предлог- решение за изменување на Решението  за формирање Комисија за мандатни прашања, избори и именувања.

21.Предлог- решение за изменување на Решението  за формирање Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio