Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал Коло Без Граница во Тиват, Црна Гора, како и минатата година и оваа година тие беа единствени претставници од Македонија.
Фолклористите за време на фестивалот ги имаа следните активности:
– 24-ти август: дефиле и настап во Порто Монетенегро
– 25-ти август: прием кај градоначалникот на општина Тиват, учество на Игрите без граница, каде што победија и освоија пехар, засадување на дрво во паркот во Тиват, работилница со учење на црногорски ора.
– 26-ти август: крстарење со брод низ Бокакоторскиот залив, дефиле и гала вечер, слободното време за дружење кај збратимениот КУД Бијела од Бијела, Херџег Нови.
По завршувањето на гала концертот, доделувањето на благодарници и затворањето на фестивалот, Ансамблот имаше ноќевање во ски центарот Вучје, во близината на Никшич.
На 27-ми јуни заедно со пријателите од Никшиќ и Бијела, Херцег Нови, имаа крстарење и разгледување на Пивското езеро во Плужине,а во Плужине се потпишан и мемурандум за соработка (повелба за пријателство и збратимување) со Јавната Установа Образовен центар Плужине.
Во предвечерието на големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица го посетија и манастирот Св. Василиј Острошки на Острог.
Активностите на Ансамблот продолжуваат со учество на: – Фолклорн смотри 2023 – СОФАМ Источен регион на 10-ти септември.
– 38-то издание на МФФ Истибањско Здравоживо на 13-ти септември.
– од 21-ви до 24-ти септември на 7-от МФФ во Игало, Херцег Нови, Црна Гора.