Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Православните Кочанчани денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица, која во народот е позната како Голема Богородица. Ова е значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.
Празникот ја одбележува земната смрт на Богородица и, според Евангелието, тоа е денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот.