Радио Кочани
Кочани

23 градежни парцели во општина Зрновци за сите заинтересирани инвеститори …

738
Реалната потреба за растење и развивање на општина Зрновци и дополнителните барања на жителите и посетителите беа мотив плус и наша обврска да во текот на 2022 година донесеме одлука и спроведеме постапки и процедури преку ангажирање на планерски економски оператор, да се изготват два Урбанистички проекти со план за парцелација на блок 4 и блок 17 од Урбанистичкиот план за село Зрновци, со основна класа на намена А1- домување во станбени куќи односно изградба на семејни домови за жителите на општина Зрновци, како и сите заинтересирани лица кои поминуваат доста од своето време во нашата еколошки чиста и урбано уредена општина Зрновци.
По комплетно завршување на постапките и процедурите на двете локации блок 4 и блок 17 се формирани вкупно 23 градежни парцели, на кои што идните сопствениците веднаш можат да започнат постапка за добивање на дозвола за градба.
Објавата за отуѓување на градежно земјиште во државна сопственост, по пат на електронско наддавање е објавена на веб страната www.zrnovci.gov.mk
Пријавите за учество на електронското јавно наддавање за купување на градежни парцели, електронски можат да се достават до 18 Септември, а јавното наддавање ке се одржи на 20-ти Септември електронски на интернет апликацијата www.gradezno-zemjiste.mk

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio