Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска во МКЦ во Кочани на прес конференција беше извршeна презентацијата на проектот „Млади волонтери за сигурна животна средина“. Зборуваше Златко Илијев претседател на ДПД Кочани. Пред новинарите тој рече дека проектот ќе трае шест месеци, се до февруари следната година. Во неговата реализација ќе бидат вклучени ученици од двете средни училишта, Црвен крст, ТПП Кочани, а носител на активностите се доброволците од ДПД.