Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Либерално демократска младина Кочани со акција делење вода како превенција од високите температури…
Либерално демократската младина на Кочани денес со акција на неколку локации во градот подели шишиња вода со цел освежување и разладување на нашите сограѓани и сограѓанки како превенција од високите температури.
Поради нефункционалноста и недостигот на јавни фонтани во Кочани и инспирирани од реакциите на Кочанчани по повод истиот проблем, денес поделивме шишиња вода на повеќе од 300 наши сограѓани и сограѓанки ширум градот. Со оваа акција ги потсетуваме Кочанчани дека Либерално демократската младина ги разбира нивните проблеми и барања и дека во иднина продолжуваме да делуваме во интерес на градот. Сакаме да нагласиме дека граѓаните и нивните потреби се постојани и треба да сме фокусирани постојани на јавниот интерес на Кочанчани, а не само за време на избори.