Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА 4 ГОДИШНОТО КОЧАНЧАНЧЕ ЉУПЧЕ ГОРГИЕВ
Почитувани пријатели
Ова е Љупче, има 4 години и е роден со кифосколиоза ( искривување на ‘рбетот за околу 45°) пропратено со други коскени малформации. За жал искривувањето се влошува секојдневно,и за да се запре потребни се неколку хируршки интервенции.
Истите не можат да се изведат во Македонија,па затоа мора да се оперира во Турција. Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума,и како што е вообичаено и пракса во Македонија,за жал, истите сме приморани да ги собираме на овој начин т.е. преку донации.
Затоа ве замолувам, кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе да може Љупче да расте и да има детство како и сите други дечиња.
Број на трансакциска сметка
240137118551584 Љупче Горгиев Уни Банка
IBAN : MK07240137118551584
SWIFT/BIC : UIBMMK22XXX
Броеви за донација
Телеком 143141
А1 143 482