Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Долг ден за 15 членови на ДПД Кочани. Многу адреналин, пот, замор, чад и испрљани унформи се сведок на интервенцијата кој е зад нас
Оставајќи ги своите приватни и работни униформи храбро му пркосеа на шумскиот пожар цели 7 часа и тоа по исклучиво тежок, на моменти и крајно опасен терен. Притоа беше спасено селото Врбица на кое му се закануваше да биде збришано. Во опасност беа и село Соколарци и село Рајчани.
Но ајде да почнеме хронолошки. По повикот за помош од ТППЕ Кочани ( цела нивна единица беше мобилизиран) во 13:45 часот веднаш со 1 возило и 7 члена излеговме на терен. По пристигнувањето и согледувањето на сериозната ситуација на терен беше повикано и уште едно наше возило со 3 члена.
Но поради големата, неколку километарска линија на огнот и силниот и променлив ветар кој во комбинација со непристапниот терен максимално ги отежнуваше условите и ја црпеше силата на човечките ресурси е повикана уште една наша екипа со едно возило и 5 члена кај 15:30 часот.
За сериозноста на пожарот доволно е илустративно да кажеме дека имаше 5 воздухоплова, од кои 3 авиони на ДСЗ и 2 хеликоптери на МВР.
На припомош беше и ТППЕ Штип и ТППЕ Свети Николе, Национални шуми како и десетици волонтери од месното население.
На терен бевме се дури не падна мрак, околу 20:30 часот. Пожарот е локализиран, нема опасност за објекти, но во високите планински предели се уште активен.
А тоа значи само едно, дека сме на готовност и ноќва и рано утрово.
ДПД Кочани