Радио Кочани
Кочани

Активностите кои се одвиваат во ОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ за подобрување на условите за работа и учење

394

Во текот на изминатите месец дена во училиштето се започнаа низа на активности за подобрување на условите за работа и учење во училиштето.

1. Моментално во централното училиште е започнато со реконструкција на санитарните јазли на приземјето и на меѓукатот , со што по завршувањето на овие активности во училиштето во голема мера ќе се подигне  хигиената на едно повисоко ниво од сегашното.

2. Во изминатиот период се реализираа и низа на активности за распишување на тендер за набавка на нова ограда во должина од 360метри за оградување на Подрачното училиште во село Горни Подлог. Оградата е веќе набавена , моментално се работи на изградба на бетонската платформа/ѕид на кој треба да се прицврсти оградата и веднаш потоа ќе се пристапи кон нејзино монтирање

3. Од понеделник 14.08.2023год. ќе се започне и со делумно реновирање на постоечкиот систем за затоплување во централното училиште , а воедно ќе се поставуваат и дополнителни грејни тела по училниците и ходниците во централното училиште со цел да се подобри состојбата со затоплувањето во секој еден дел од училишната зграда и учениците да имаат уште попријатна атмосфера за престој и учење

4. Во текотна изминатиот период се реализираа и низа на активности околу аплицирање на најразлични проекти за реконструкција и на Централното и на Подрачните училишта во с.Горни Подлог и с.Бели

Од активностите по сите овие аплицирања со плод вроди аплицирањето и барањето за реконструкција на покривот на Централното училиште. Бидејки станува збор за огромна покривна површина на зградата на централното училиште и сумата за реконструкција на целокупната покривна површина е огромна , Министерството за образование и наука одобри само 13.558.022денари за делумна реконструкција на кровната површина и затоа промената на целокупната кровна површина ќе се одвива во неколку фази.

Средствата се обезбедени со измената на планот за изградба и реконструкција на основни училишта, по апликација од страна на училиштето преку Општина Кочани на Јавниот повик за финансирање на проекти за изградба и реконструкција на училишни објекти од буџетот на Министерството за образование и наука. Целокупната постапка за реализација на одобрениот проект ќе ја спроведе Министерството за образование и наука.

Во следниот период ,односно од следната седмица би требало да се започне со  реконструкција на кровот на централниот дел од училиштето , а веќе во следната фаза ќе се реализира и реконструкција на останатата кровна површина на другите делови од зградата на централното училиште.

5. Во текот на следниот период ќе се реализираат и низа на активности за уредување на дворните површини во централното училиште и во ПУ во с.Горни Подлог со поставување на нови клупи за седење на учениците во училишните дворови и хортикултурно уредување на целокупната  дворна површина

6. Во меѓу време во соработка на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани и секторот за изготвување и реализација на проекти при МОН, се работи и на изготвување на целосна проектна документација за реконструкција на Спортската сала која е во склоп на училиштето и се надеваме дека во следниот период ќе имаме можност и прилика да излеземе во јавноста со уште една позитивна вест дека наскоро би се започнало и со реконструкција на Спортската сала.

 Со почит

Даниел Кралев

Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio