Радио Кочани
Кочани

Линеарното покачување не е единственото барање на пензионерите, минималната пензија да биде еднаква со минималната плата…

1,761

Долга колона од пензионери денеска ги наполни тротоарските површини крај Кејот на Кочанска река од Паркот на Револуцијата до Здружението кај КЈП „Водовод“. Ова беше втор нивен протест за подоствоинствен живот. Линеарното покачување на пензиите од 3 500 денеари не е единственото барање на пензионерите.


Моне Горгиев ги соопшти сите нивни барања.
Според Орце Давитков, состојбата во која сега се наоѓаат пензионерите е неиздржлива. Тој потсети на периодот кога во Македонија најниската пензија беше речиси иста со најниската плата, додека сега тој однос, безмалку, како што вели, е 1 : 2 во корист на најниската плата.


Пензионерите од Кочани ќе отпатуваат во Скопје на 14 август кога е закажан генералниот протест за линеарно покачување на пензиите од 3 500 денари.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio