Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Членовите на иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите во износ од 3.600 денари, денеска одржаа консултативен состанок, на кој се договорени активностите поврзани со протестите на локални ниво и генералниот протест закажан за 14 август во Скопје.
Претставниците на кочанските пензионери во меѓувреме одржаа состанок со иницијаторите на петочниот протест, заради координација на активностите и заедничко дејствување во насока на остварување на основното барање.
Притоа, договорено е на 11.август, петок, сите пензионери да се соберат во паркот на револуцијата, од каде организирано ќе се упатат кон здружението на пензионери на Кочани, од каде ќе се упарар заклучоците и барањата до надлежните институции во државата.
Освен тоа, постигнат е договор со заеднички сили да се бара поддршка од Здружението на пензионери од Кочани, од Општината и од локални фирми, да се обезбедат средства за автобуски превоз на пензионерите до Скопје, заради учество на протестот.
Всушност конечните заклучоци и барања ќе бидат дефинирани по утрешниот протестен марш, кога претставници на пензионерите истите ќе ги соопштат пред медиумите