Радио Кочани
Кочани

По повод денешниов празник Св. Петка верни следачи на Радио Кочани ни испратија фотографии од манастирот Св. Петка во селото Каврак

2,648

Денеска се празнува летна Св.Петка, заштитничката од несреќи и болести поради што народот ја нарекува и мајка Параскева.

Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име  и се наречени петочни води.

Петковден како домашен празник со служби посветени на Св. Петка, се одбележува со чекање гости и други обичаи и свечености, а го празнуваат голем број македонски семејства.

По повод празникот во Радио Кочани, пристигнаа фотографии од манастирот Св. Петка Римјанка сместен во селото Каврак кое се наоѓа

во атарот на осоговските планини на надморска височина од 1400 метри оддалечено 25 километри од Кратово.

На денешниот празник Св. Петка се избегнува да се работат тешки работи на ниви и дома.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio