Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Хуманитарен концерт вечерва во Кочани за помош на Марина Лазарова и Кире Калус. Заради тешката здравствена и финансиска состојба во која се наоѓаат вечерва граѓаните ќе собираат средства за да може да и помогнат да застанат самостојно на нозе. Пораката е и вечерва хуманоста да се покаже на дело.
„Јас како хуманитарен граѓанин сакам да помогнам и се ангажирав за Марина и Кире. Сакам да упатам апел до сите граѓани да застанат рамо до рамо и да помогнеме.“ – вели Хардалов. Концертот е закажан во дискотека Аква во Кочани со почеток од 22 часот. Собраните средства од истиот ќе бидат донирани на Марина и Кире. Картата за концеротот е 250 денари.