Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Честитка од градоначалникот Љупчо Папазов по повод Илинден – Денот на Републиката
Илинден е континуитетот на македонската историја, симболот на победата што ги обединува Илинденското востание и АСНОМ, 1903 и 1944.
Илинден е македонската државотворност во која се вградени непокорот и победата – стремежот на револуционерите илинденци и асномското остварување на сонот за слободна македонска држава.
Илинденските идеали нека ни бидат водилка за слободна македонска држава во која сите нејзини граѓани се еднакви и рамноправни, независно од нивните разлики и уверувања.
Нека ни е честит Илинден – Денот на Републиката!
Нека ни е вечна Македонија!