Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Синоќа во Кочани во 22, 50 часот, на улицата „Кеј на Револуцијата“, на пешачки премин веднаш наспроти Градскиот парк, се случи сообраќајна несреќа, која завршила со телесни повреди, информираат од МВР. Според дојавата до Полициската станица, автомобил марка „фиат пунто“ со кочански регистарски таблички, управуван од двесетгодишник од Кочани, удрил во пешак (1974), кој на пешачкиот премин ја преминувал улицата. Телесни повреди кај него биле констатирани откако бил пренесен во ЈЗУ Општа болница. На местото на настанот увид извршила екипа на кочанската полиција.