Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ДПД Кочани вчера ја „отвори“ сезоната на летни пожари.Вчера попладне како поддршка на ТППЕ Кочани интервениравме на пожар на отворено на потегот помеѓу селата Соколарци и Жиганци, пишуваат од ДПД.
Од страна на ДПД Кочани се интервенираше три часа со 10 членови и 3 возила.
Со оглед на тоа што падна мрак, а имаше притоа и ветар, ликвидирањето беше отежнато, но на крај сепак се заврши.
Според ДПД огнот е згаснат околу 21 часот.