Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Викендов на патеката кон Пониква ќе се вози ридско-брзинската трка „Пониква 2023“
На регионалниот патен правец од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква поточно од местото викано Губриште до целта на местото викано Пашаџамина шума, викендов се вози ридско-брзинската трка која е во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА.
На патеката долга 5,3 километри, се очекува да учествуваат над 30 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија ,Косово и Полска.
Организатор на трката е Авто-клубот Перформанс тим, а формалностите пред и после трката ќе се одржат во кругот на Здружението на возачите на Кочани.
Петок 21. 07. 2023 ќе има верификација и технички преглед на возилата од 18:00 до 22:00 часот.
Сабота, 22. 07 .2023
07 : 30 часот – затворање на патеката
08 часот неофицијален тренинг 30 минути подоцна и официјален
Недела, 23.07. 2023
07 : 30 часот – затворање на патеката
09 часот – официјален старт на првата трка, а 30 минути по завршувањето ќе се вози и втората трка.
По завршувањето на трката следуваат резултати и прогласување на победниците во кругот на Здружението на Возачите -Кочани.
Д.Михајлов