Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Кривични за двajца од Спанчево, се заканувале со воздушна пушка и метален предмет…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.М.(38) од село Спанчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против Б.В.(61) од село Спанчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 20.05.2023 пред продавница во селото, Б.M. со воздушна пушка се заканувал на присутните, а по извесен период дошол Б.В. и, по кратка расправија, им се заканувал со метален предмет, соопштија од полицијата.